Првиот веб речник на Македонски знаковен јазик е веќе достапен за јавноста. www.znakoven.mk Речникот е целосно изработен од членовите на Здружението на глуви и наглуви “Тишина” – Карпош со поддршка на Министерството за Надворешни работи на кралството Норвешка, Меѓународната фондација “Борис Трајковски“ и маркетинг агенцијата SkyBlueMedia. Преку проектот “Раце што …
Повеќе »Објавена студија на Дејан Ајдачиќ за бајките за љубовта на Прокопиев
Најновата книга книжевни истражувања „Одблесоците на словенската фантастика” на Дејан Ајдачиќ, во издание на српската издавачка куќа „Алма”, е произлезена од повеќемесечниот истоимен проект за толкувања на фантастиката во современите словенски литератури. Една од поопсежните студии во проектот (книгата) е посветена на збирката раскази „Човечулец” на македонскиот писател Александар Прокопиев, …
Повеќе »Концерт на Филхармонија со израелската виолончелистка Даниеле Акта
Филхармонија во четврток на 17ти септември 2020 година (20 часот) ќе одржи симфониски концерт на кој ќе прозвучи Симфонијата број 3 од Феликс Менделсон и Концертот за виолончело и оркестар од Роберт Шуман. Диригент е маестро Јерухам Шаровски, а солистика Даниеле Акта, и двајцата од Израел. Концертот за виолончело во …
Повеќе »Ова е процесот за безбедно онлајн плаќање преку ecommerce4all.mk
Во период на зголемено онлајн купување кога бројките од податоците на Народната банка на РСМ покажуваат 36% раст на онлајн трансакциите и драстично зголемување на нови е-продавници во нашата држава, Асоцијацијата за е-трговија на Македонија продолжува со едукација на сите оние кои што сакаат да се запознаат со е-трговијата преку …
Повеќе »Доделени наградите на ЗИКМ на годинешниот Саем на книгата во Скопје
Во рамки на XXXII Меѓународен саем на книгата во Скопје, во сабота, 12.09.2020, со почеток од 19 часот, Здружението на издавачите и книжарите на Македонија традиционално ги додели наградите поделени во 5 категории, за изданија издадени меѓу двата саеми. Одлуката ја донесе тричлена стручна комисија во состав проф. д-р Наташа …
Повеќе »Промоција на едицијата „Европски книжевен мозаик“ од ИК Магор
Книжевната едиција „Европски книжевен мозаик”, во издание на издавачката куќа Магор од Скопје, беше промовирана денес, 13.09.2020 (недела), со почеток од 18 часот, во промотивниот центар на годинешниот Саем на книгата во Скопје, кој годинава се одржува зад спортската сала Борис Трајковски, до Аква паркот. Едицијата содржи 10 книжевни дела …
Повеќе »Започна Саемот на книга 2020 под отворено и со посебни протоколи
Под слоганот „Замисли еден поинаков поглед“ започна Саемот на книга 2020 на отворено што се одржува пред А1 Арена СЦ „Борис Тајковски“, кај Аква Паркот, под монтажни објекти. Повеќе од 40-тина издавачки куќи ќе ги претстават своите најнови изданија на Саемот на книга 2020 што ќе се одржува до 14 …
Повеќе »Став за управување на стационарот за бездомни животни во Град Скопје
Во прилог став на активистката за заштита на животни и животката средина, Велковска во однос на управувањето со стационарот за бездомни животни во Град Скопје. „Активистите за заштита на животни кои се долгогодишни волонтери се ЕДИНСТВЕНИТЕ кои имаат капацитет трајно и хумано да го затворат прашањето со бездомните животни не …
Повеќе »Збирката раскази „Делфинот“ на Прокопиев објавена во Словенија
Збирката раскази „Делфинот (приказни за видливото и невидливото)” на истакнатиот македонски писател Александар Прокпиев деновиве излезе од печат во превод на словенечки јазик. Издавач е КУД Апокалипса од Љубљана, а автор на преводот е Тим Сенчар. За словенечкото издание на книгата, писателот, поет и критичар Јуриј Худолин ќе истакне: „Делфин” …
Повеќе »Распишани конкурсите за поезија за „100 илјади поети за промена“
Mанифестацијата „100 илјади поети за промена“, во соработка со здружението „Контекст-Струмица“, го распиша поетскиот конкурс за годинашното издание на Фестивалот. Поезијата со која ќе може да конкурираат автори од сите генерации треба да биде социјално ангажирана и да разработува теми кои се поврзани со промените, глобално, но и локално. Секој …
Повеќе »