Почетна / Спорт / КК МЗТ Скопје Аеродром се засилува со нова поддршка пред новата сезона

КК МЗТ Скопје Аеродром се засилува со нова поддршка пред новата сезона

КК МЗТ Скопје Аеродром добива нова поддршка во пресрет на предизвиците на домашната, регионалната и европската сцена. PROTEINI.SI, еден од најпрепознатливите брендови во областа на спортската исхрана и суплементите, станува нов спонзор на сино-белите.

Партнерството обединува два бренда кои ги поврзуваат енергијата, дисциплината, секојдневната посветеност и постојаната желба за напредок. За МЗТ Скопје, поддршката од PROTEINI.SI претставува дополнителен импулс во остварувањето на високите спортски амбиции, додека за компанијата ова е можност уште посилно да застане зад професионалниот спорт и кошарката.

Како најголем специјализиран ланец од овој тип во Европа, PROTEINI.SI располага со вкупно 80 продавници, од кои седум се во Македонија. Во својата понуда компанијата има квалитетни и проверени производи од областа на спортската исхрана и суплементацијата, меѓу кои и производи од сопствено производство.

МЗТ Скопје е симбол на победнички карактер, истрајност и силна поврзаност со своите навивачи. Тоа се вредности кои целосно се совпаѓаат со филозофијата на PROTEINI.SI. Зад секој голем резултат стојат дисциплина, правилна подготовка и тим кој верува во заедничката цел. Затоа ни претставува особено задоволство што стануваме дел од сино-белото семејство и што ќе го поддржиме клубот во сезона исполнета со големи предизвици. Не сакаме нашето присуство да биде видливо само преку логото на дресот, туку и преку конкретни активности со клубот, кошаркарите и навивачите – изјави Горан Томовски, директор на PROTEINI.SI Македонија.

Новата соработка ќе отвори простор и за заеднички активности преку кои спортската публика ќе се доближи до темите поврзани со правилната исхрана, квалитетната подготовка, регенерацијата и здравите животни навики. Посебно внимание ќе биде посветено на содржини и активации наменети за навивачите, младите спортисти и пошироката кошаркарска заедница.

Од МЗТ Скопје изразуваат задоволство што уште еден сериозен и спортски ориентиран бренд ја препозна визијата на клубот и одлучи да биде дел од неговата следна страница.

Во сезоната во која сино-белите ќе се натпреваруваат на домашната сцена, во АБА2 лигата и во ФИБА Еврокупот, поддршката од стабилни партнери има особено значење. Влегувањето на PROTEINI.SI во спонзорското семејство е уште една потврда за довербата во проектот, организацијата и амбициите на најтрофејниот македонски кошаркарски клуб.

МЗТ Скопје и PROTEINI.SI од денес играат во ист тим – со заедничка енергија, јасна цел и победнички пристап кон секој следен предизвик.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Европскиот шампион Петар Мијалков ги стартуваше подготовките во Шпанија

По блескавата 2025 година во која го покори Стариот Континент и стана апсолутен европски шампион …

error: Содржината е заштитена!