Почетна / Живот / Објавен Зборникот на трудови „Христофор Жефарович и неговото време“

Објавен Зборникот на трудови „Христофор Жефарович и неговото време“

Излезе од печат Зборникот на трудови „Христофор Жефарович и неговото време“ во издание на „Завод и музеј-Струмица“. Во зборникот се објавени трудови и материјали од вториот научен собир одржан во чест на заштитниците на градот Струмица-Свети петнаесет тивериополски свештеномаченици што се одржа лани. -Зборникот на трудови содржи реферати прочитани на научниот собир: „Христофор Жефарович“ и неговото време, кој се одржа на 5 и 6 декември 2019 година во организација на Националната Установа „Завод и музеј -Струмица“.

Во предговорот кон изданието издавачите запишале дека Христофор Жефарович претставува забележителна фигура во културната и во духовната традиција на Македонија и на македонскиот народ.  Овој истакнат дојранчанец бил зограф, иконописец, бакрорезец, учебникар, печатар, монах, трговец, прв македонски хералдичар и еден од најраните македонски преродбеници. Во средината на XVIII век бил најбараниот уметник на просторот меѓу Солун, Будим и Виена. Жефарович, уметнички се формирал во големите духовни и културни центри на Македонија какви што се Солун, Охрид и Света Гора Атонска и други. Жефарович има и општо балканско и пошироко европско значење.

 Заради пандемијата од Ковид-19 годинава не се одржа научниот собир посветен на заштитниците на Струмица.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Изложба 50-години творештво и промоција на публикација на Мицко

По повод 50 години од творештвото на МИЦКО – Мице Јанкуловски денеска во спомен домот …

error: Содржината е заштитена!