Почетна / Телевизија / Идол / Започна пријавувањето – МРТ го бaра следниот македонски „Идол“

Започна пријавувањето – МРТ го бaра следниот македонски „Идол“

МРТ го стартува најголемото музичко талент шоу во земјава. Се бараат нови гласови, нови приказни, нови ѕвезди. Ако пееш, ако имаш харизма и ако сакаш да застанеш пред цела Македонија – ова е твојот момент.

Право на учество имаат кандидати од сите музички жанрови: поп, рок, народна, урбана, џез, авторска музика, односно лица со македонско државјанство или регулиран престој во Македонија, се на возраст од 16 до 30 години (на денот на првата аудиција) и имаат силен вокал, сценска енергија и автентичен израз.

Секој што ги поседува овие карактеристики, се пријавува така што на меилот : [email protected] ги испраќ
а своите податоци (име и презиме, датум и место на раѓање, град / општина, контакт телефон и е-пошта, кратка биографија (до 150 зборови), линк или видео од изведба (1-2 песни, до 3 минути)).

Сите што ќе бидат повикани на аудиција, ќе треба да изведат две песни по нивен избор, а матриците се носат однапред, во договорен формат.

Идол – повторно на малите екрани. Нова сезона наскоро на МРТ.

Дани | ТВ Пакет

error: Содржината е заштитена!