Една од најголемите музички легенди на Балканот, Харис Џиновиќ, на 13 март 2027 година пристигнува во Скопје, каде што во Т арената „Борис Трајковски“, придружуван од својот оркестар, ќе одржи голем јубилеен концерт по повод 40 години успешна музичка кариера.

Четири децении на сцената, безброј концерти низ целиот регион и репертоар со кој ретко кој изведувач може да се пофали. Харис Џиновиќ одамна го има обезбедено своето место меѓу најголемите имиња на балканската музика, а неговите песни и денес се подеднакво актуелни како во времето кога за првпат ја освоија публиката.
„Муштулук“, „Рано је за тугу“, „И тебе сам сит кафано“, „Паришке капије“… Листата на хитови е многу подолга, а речиси и да нема генерација која не пораснала со барем неколку од нив. И токму во тоа е големината на неговата кариера. На 13 март, сите тие хитови ќе добијат свое големо концертно издание во Скопје.

Придружуван од оркестар, Харис Џиновиќ ќе ја донесе во македонската метропола музиката по која е препознатлив повеќе од четири децении, во концертна вечер посветена на најголемите хитови, со голема концертна продукција и програма достојна за ваков јубилеј. И ако се земе предвид каков репертоар стои зад неговото име, сосема е јасно зошто овој концерт уште од самата најава заслужува посебно внимание.
40 години кариера. Харис Џиновиќ со оркестар. Голем јубилеен концерт на 13 март во Скопје!
Билети преку www.kupikarta.com.mk
Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
