Телевизиската новинарка и директорка на телевизија Телма, госпоѓата Снежана Лупевска Созен се прости од хрватската писателка, колумнистка и новинарка Ведрана Рудан со емотивна објава, потсетувајќи на нејзиниот препознатлив, остар и бескомпромисен начин на кој зборуваше за општеството и животот. Дани | ТВ Пакет
Повеќе »Марија Латиновска од ТВ 24 премина во утринската на МРТ
Ново лице во утринската програма на Македонската радиотелевизија. Марија Латиновска станува дел од тимот на утринската програма “Македонија наутро”, која се емитува секое утро од 6.45 часот на првиот канал на МТВ. Таа, заедно со Ненад, Маријана, Симона и Драги ќе биде дел од водителските тандеми што ќе ги будат …
Повеќе »Почина Лирим Хајредини, директорот на Алсат М телевизија
Оперативниот директор на телевизијата „Алсат“, Лирим Хајредини, утрово е пронајден починат во близина на трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје. Местото е обезбедено од полицијата, а телото ќе биде предадено на обдукција за да се утврдат околностите и причината за смртта. – Денеска околу 09:25 часот во СВР Скопје е пријавено …
Повеќе »Светлана Црнокрак е нова презентерка на вестите на Алфа
По долги години поминати како презентер на вести на Алсат и ТВ 21, познатата дама Црнокрак од сега ќе ја гледате како презентер на вестите на Алфа телевизија. Дани | ТВ Пакет
Повеќе »Ненад и Марјана од сега се дел од утринската на МРТ 1
Ново водителско дуо на малите екрани. Радио и ТВ водителот Ненад Ѓорѓиевски во друштво со сексипилната водителка и инфлуенсерка Марјана Станојковска од сега ги гледаме во заедничко телевизиско појавување на фреквенцијата на Македонската телевизија. Секое утро се будиме со “Македонијо наутро”, утринска емисија која со децениии се емитува на првиот …
Повеќе »Новото раководство на МРТ постави нови уредници на МРТ 1, МРТ 2 и МРТ 3
Стојан Трпчевски е новиот главен и одговорен уредник на главниот канал – МРТ 1. Тој долги години ја водеше информативната програма на првиот медиумски сервис на Македонската телевизија, а пред тоа беше дел од новинарските челни имиња на Канал 5 и Алсат. Зоран Мирчевски од уредник на вториот канал на …
Повеќе »Миро Кацаров, водителот од Алфа е нов директор на Универзална сала
Водителот на забавното ток шоу од Алфа телевизија, Миро Кацаров е нов директор на Универзална сала во Скопје. Ова го покажуваат последните промени извршени во Централниот регистар на Република Северна Македонија. Според податоците објавени во Централниот Регистар на Република Северна Македонија, од 13-ти мај годинава Кацаров ќе биде вршител на …
Повеќе »Јавен повик за ангажирање соработници на МРТ
Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио телевизија објавува јавен повик до сите заинтересирани физички лица кои сметаат дека можат да дадат свој придонес во креирањето на програмската понуда на јавниот сервис. Доколку сте професионално определен како новинар, репортер, водител на програма, спикер, лектор, снимател, техничар, тонец, продуцент или пак, имате искуство …
Повеќе »Миро Кацаров открива: Почнаа да ме вреѓаат некои луѓе од Канал 5
Во последното издание на подкастот “Естраден лексикон”, гостин на Марио Арангеловски беше познатиот ТВ водител Миро Кацаров. Миро стана познат за телевизиската публика по неговиот долгогодишен ангажман во Бекстејџ, а неколку години беше уредник и водител и на ТВ шоуто “Џи карпет” кое се емитуваше на фреквенцијата на Канал 5. …
Повеќе »И новинарот Младен Чадиковски со трансфер во телевизија Телма
Претседателот на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Младен Чадиковски од телевизијата 24 преминува во Телма, информираше тој на својот Фејсбук профил. Во телевизијата 24 работеше 9 години, а за македонската публика е особено познат по неговиот ангажман во А1 телевизија. По Наташа Стојановска, Чадиковски е уште едно лице од …
Повеќе »
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
