Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Соседите навалија на светски лиценци – „Тркало на среќата“ во Србија

Соседите навалија на светски лиценци – „Тркало на среќата“ во Србија

Меѓу многутте формати и лиценцирани шоу емисии, во Србија стигнува и “Тркало на среќата”. Едно од најпознатите и најдолгите квиз шоуа на сите времиња се емитува во САД од 1975 година и повеќе од четири децении е една од најгледаните телевизиски емисии во таа земја, но и ширум светот.

Оваа исклучително популарна и забавна емисија наскоро ќе може и Србите да ја следат на Б92, а водители и водители ќе бидат шармантната Милица Јелиќ Пауниќ и актерот Александар Димитријевиќ.

Натпреварувачите решаваат загатки со зборови и погодуваат фрази, а вртењето на тркалото им носи вредни парични награди и патувања. Најуспешниот натпреварувач оди во бонус рундата, која може да донесе уште повеќе пари и голема награда – автомобил!

За потсетување, македонска верзија на ова шоу имаше откупено и емитуваше А1 телевизија. Сега, во отсуство на таа телевизија, се емитуваат импровизирани нелиценцирани емисии од сличен тип.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вера Мештеровиќ: Одредени дами ургираа да не ме земат за водителка

Во денешно време какви жени успеваат, тоа е за серизно истражување! Кои жени се кучки? …

error: Содржината е заштитена!