Почетна / Филм / Пладневна воена драма „А, зорите тука се тивки“ за викенди на Сител

Пладневна воена драма „А, зорите тука се тивки“ за викенди на Сител

На 23 и 30 мај на пладне, Сител ќе емитува воена филмска приказна, снимена во два дела во времето на Советскиот Сојуз. Главното дејствие на филмот “А, зорите тука се тивки“, снимен според култното истоимено дело на Борис Василев, се одигрува во 1942 година во Карелија.

Група од пет девојки кои војуваат во единиците на противвоздушната одбрана под команда на старешината Федот Васков стапува во битка со германски падобранци. Протагонистот, игран од Јури Коротков, е офицер на Црвената армија, кој бил испратен за време на Втората светска војна во 1942 година како командант на задна противвоздушна единица во Карелија, чии единици се состојат од млади жени.

Заплетот покажува како тој се обидува да се прилагоди на жените, но како сите тие ќе имаат искушенија заедно кога излегува дека треба да запрат група германски падобранци кои имаат намера да ја саботираат стратешката железница.

Сцените од военото време се снимени исклучително реалистично во црно-бела техника, а сцените пред и по војната, како и сцените на сеќавањата и мечтите на девојките, се снимени во колор.

Во филмот постои секвенца во руска бања во која глумиците се појавуваат голи. Режисерот Станислав Ростоцки цели пет часа ги наговарал девојките да се согласат да ја снимат оваа сцена. Тој им ја објаснил својата режисерска замисла така што им рекол: „Девојки, ја сакам да покажам каде погодува куршумот. Сакам да покажам дека куршумот не убива апстрактен човек, ами убава и млада жена која треба да раѓа деца“.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпионски трилери и ретро СФ на Телма во филмските термини

сабота (23 мај 2020), 22.15 часот – “Todos lo saben” (2018) Шпански психолошки трилер на …

error: Содржината е заштитена!