„Не ми е срам“ e деби-синглот на младата и исклучително талентирана 19-годишна вокалистка, Неда Димкова. Неда е студентка во прва година на Факултетот за музичка уметност на отсекот за соло пеење, а оваа песна е нејзиниот прв, моќен чекор на македонската музичка сцена.

Музичкото парче е дело на Александар Масевски, кој се потпишува како комплетен автор и продуцент. Станува збор за модерен и софистициран спој на емотивна поп-балада со динамичен ритам, кој брзо го освојува слушателот.

Песната е визуелизирана со естетски видеозапис во режија на младиот и креативен Бојан Василев.
Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
