Почетна / Живот / Нова интернет продавница создадена од глуви лица, наменета за компании

Нова интернет продавница создадена од глуви лица, наменета за компании

Првата онлајн продавница создадена од глуви лица наменета за компании, од денес е достапна на интернет просторот во Македонија www.ovosen.mk

Проектот “Раце што зборуваат” преку кој беше изготвен првиот Веб речник на Македонски знаковен јазик продолжува со своите активности преку социјално претприемачкиот проект “ПЕТ НА ДЕН” – Кошничка свежо овошје и зеленчук!

Овој проект има за цел не само да ја подигне свеста за избор на здрава храна туку е и социјално претприемaчки проект.

Целокупниот концепт е создаден и помогнат од лица со оштетен слух, кои се грижат овошјето и зеленчукот во овие кошнички да биде внимателно одбрано, спакувано и секогаш доставено свежо до компании кои сакаат својата општествена одговорност да ја покажат преку поддршката на овој проект. На овој начин значително ќе помогнат да се подигне свеста во македонското општество за социјалната инклузија на лицата со оштетен слух на кои ние ретко помислуваме, а тие се тука и помислуваат секогаш на нас.

Носители на проектот “Раце што зборуваат” се Здружението на глуви и наглуви “ТИШИНА” – Карпош со поддршка на Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка и Меѓународната фондација “Борис Трајковски“.

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

24. Моден Викенд Скопје води на пат кон кружна иднина

Дваесет и четвртата сезона на најголемото модно случување во земјата, овојпат e во знакот на …

error: Содржината е заштитена!