Почетна / Живот / Делчевската библиотека организира Новогодишен саем на книги

Делчевската библиотека организира Новогодишен саем на книги

Јавната локална библиотека „Илинден“ во Делчево и годинава традиционално организира новогодишен саем на книги. Саемот, како што информираше директорката на библиотеката Биљана Петровска, е планиран да започне в четврток, со строго почитување на сите протоколи за заштита од коронавирус. -Годинава се одлучивме за издавачки куќи „Матица“ и „Сакам книги“.

Саемот ќе започне од 10 декември 2020 и ќе трае до крајот на годината. Посетата на саемот ќе биде со строго почитување на сите мерки за заштита од КОВИД, носење маски, растојание и влегување во библиотеката еден по еден, рече Петровска.

Од библиотеката додадоа дека околу изборот на книги кои ќе се најдат на саемот како и за цената на книгите одлучуваат издавачките куќи. Во меѓувреме, библиотеката со низа активности се вклучи во одбележувањето на Неделата на хуманоста. -Во рамки на неделата на хуманоста, во работата на библиотеката, ни помогна девојче со Даунов синдром, со што сакаме да покажеме дека и покрај различностите сите сме исти. И дека со многу љубов и трпение сите можеме да се чувствуваме корисни членови на ова општество, додадоа од библиотеката. Во рамки на своите активности, деновиве Јавната локална библиотека „Илинден“ ја продлабочи соработката со ЈОУ „Искра“ од Кочани при што од двете институции најавија поголем број проекти во интерес на читателската публика од двете општини.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Симбиоза” – изложба на Бојан Ковски во Музејот на Град Скопје

Уметникот Бојан Ковски ќе ja отвори својата најнова изложба “Симбиоза” во Музејот на Град Скопје …

error: Содржината е заштитена!