Од 30 ноември, на првата програма на Хрватската радиотелевизија (ХРТ 1) започнува емитувањето на новата шпанска теленовела „На раскрсницата на животот“ (La Encrucijada).

Серијата ќе се емитува од понеделник до петок во 12:30 часот, во традиционалниот термин кој повеќе од три децении е наменет првенствено за домаќинките и пензионерите, а во кој ХРТ континуирано прикажува странски теленовели.

Станува збор за романтична драма од 2025 година, која претставува шпанска адаптација на популарната турска серија „Украдено минато“ (Cesur ve Güzel).

Приказната ги испреплетува љубовта, одмаздата, предавството и семејните тајни од минатото.

Серијата брои 60 епизоди, а главните улоги ги толкуваат Родриго Гирао и Астрид Жанер.
Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
