Почетна / Сапуници / Гледачите воодуушевени од серијата на Телма: Ова е предобро!
РУДНИЦИ НА СТРАСТА - серија за сите генерации

Гледачите воодуушевени од серијата на Телма: Ова е предобро!

Од понеделник до петок на Телма телевизија во стандардниот термин од 13.45 часот се емитува мексиканската теленовела “Рудници на страста” која успева да ги заинтригира македонските гледачи.

По стапување на функцијата генерален директор и главен уредник, Снежана Лупевска Созен успеа да обезбеди програма за сечиј вкус, меѓу што и романтични мелодрами кои се емитуваат во овој доста прифатлив термин за публиката.

“Рудници на страста” е нова продукција на популарната Телевиса, исполнета со предавствa, интриги, одмазда и моќ.

Преку нашата редакција и во коментарите на нашиот форум, гледачите упатуваат позитивни критики и за оваа серија, како и за нејзината претходница “Непобедлива љубов”. Во продолжение дел од коментарите :

  • Аууу, ова скроз е decente! Барем досега е ко старата Телевиса. Па и локациите, глумците… :uzivkanje:
  • Браво за Телма! Вакви серии редно беше и кај нас да се емитуваат.
  • Супер е засега, продолжувам да гледам.
  • Мислам дека оваа слугинката и Роберта, ла патрона се сестри, и слугинката е мајка на Леонардо. Но, ќе видиме, делува интиргантно.
  • И овие драми и фестивали деновиве… Сѐ е против Емилија, како ќе ја наседнат сега, во утрешната епизода, аууу. Па после и таа ќе се врати да се одмаздува на оние кои и го направија животот пекол, исто како и Леона Браво! Сѐ по список!

  • Одамна серија не ми пробудила онака омраза кон негативец, и желба да ја видам уништена оваа проклетата Роберта, ала ла патрона.
  • Кои хаоси се случуваат, многу интересно.
  • Телма телевизија треба веднаш да продолжи со вакви серии од типот на Непобедлива и Рудници. Мој предлог е да ја земат El amor no tiene receta
  • И оваа а и таа пред неа што одеше се врвни. Беа многу гледани во Мексико и Латинска Америка па убаво е што Телма ни овозможи задоволство да ја следиме приказната за Емилија, а пред тоа и за Леона Браво.
  • Телма секоја чест. Продолжете така, обавезно да земете уште некоја добра серија како Рудници на страста.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Циклус на италијански драмски серии на Телма во новата година

Италијанска продукција по празниците следува на Телма. Во прајмтајм, во добро познатиот термин по Топ …

error: Содржината е заштитена!