И оваа сезона, секој петок, сабота и недела на Телма ќе се прикажуваат премиерни филмови од различни светски продукции. Во продолжение погледнете го Телма изборот за првиот октомвриски викенд :

петок (2 октомври) – Мама Круз
Круз е побожна баба која со години живее мирен, предвидлив живот посветен на семејството и верата.

Но, кога случајно ќе наиде на нешто на интернет што повторно ќе разбуди одамна заборавени чувства, нејзиниот свет почнува да се менува.
сабота (3 октомври) – 355
Прототип на ултра тајно и разорно оружје ќе биде украден и ќе се најде во рацете на опасна мрежа на платеници. ЦИА агентката Мејсон „Мејс“ Браун е принудена да ја напушти соло-играта и да состави непредвидлив, меѓународен женски тим за да го вратат оружјето пред да предизвика глобална катастрофа.

Експлозивен шпионски трилер што ја слави силата, способноста и храброста на жените кои одлучуваат да го заземат најопасното можно место — првата линија на глобалната безбедност
недела (4 октомври) – Лигата на правдата
По смртта на Супермен, светот останува без својот најголем заштитник.

Свесен дека нова, далеку поголема закана се приближува, Бетмен ѝ се придружува на Вондер Воман и започнува потрага по необични херои кои можат да ја одбранат Земјата. Аквамен, Киборг и Флеш се приклучуваат кон тимот, но заедно ќе мора да се соочат со моќниот Степенвулф и неговата армија.
Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
