Почетна / Живот / Изложба „Мал формат“ 2020 на Друштвото на ликовни уметници

Изложба „Мал формат“ 2020 на Друштвото на ликовни уметници

Во Културно информативниот центар – КИЦ ќе биде поставена изложбата „Мал формат“ на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ). Изложбата е под покровителство на Град Скопје и Министерство за култура и ќе трае 10 дена. Од ДЛУМ посочуваат дека малиот формат како творечки предизвик претставува честа дневна практика на ликовните уметници. – Магијата на „малиот квадрат“ во површина 25х25 см претставува искушение и за најголемите мајстори на визуелната уметност.

Чувството на внатрешниот порив да го совлада малиот квадрат, на концизен, лапидарен, понекогаш метафоричен и езоповски начин да го транспонираат собитието и мотивот од големите форми во помалата мерка, наведуваат од ДЛУМ, додавајќи дека изложбата „Мал формат“ е традиционална поставка на крајот на годината што ја збогатува уметничката понуда во претпразничниот период. На изложбата учествуваат 33 автори, членови на ДЛУМ: Ана Ивановска, Ана Спасова, Ангелца Стоиљковиќ, БлашкаМиева, Дејан Иванов, Дијана Томиќ-Радевска, Дита Старова, Душан Георгиевски, Емилија Божиновска, Златко Бојковски, Златко Глигоров, ЗулељехаЗубери Али, Ивона Велковска, Игњат Шќекиќ, Илина Арсова, Јовица Мијалковиќ, Љубица Мешкова-Солак, Љупчо Бојаров, Маја Димитреова, Маја Кировска, Марија Светиева, Марина Цветановска-Мартиновска, Марјана Костојчиновска-Узунчева, Мирјана Крстева Масети, Никола Смилков, Перо Кованцалиев, Петра Јовановска, Силвана Атанасовска, Слободан Милошевски, Стефан Димовски, Стефан Хаџи-Николов, Тања Таневска, Шќипе Мехмети.

Темите се слободни и можеме да забележиме замор од оваа тешка и специфична година, па така забележуваме враќање кон природата, кон пејзажот, но колорит и композиции кои ќе не замислат. Индивидуалниот ракопис и пристап на изработка кај секој од авторите ја бележи нивната потреба за творење, или пак бегство од реалната апатија и дотолку повеќе се значајни овие колективни изложбени претставувања кон патот до гледачот. Таа слобода на изразувањето, која ја почитуваме кај нашите колеги, со оваа изложба, ви ја претставуваме, наведуваат од ДЛУМ. Уметничкиот совет на ДЛУМ, наградата за „Мал формат“ му ја додели на Дејан Иванов-Маргуш за делото „Осоговски пејзаж“.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Велковска: Правдата во Македонија – законска дупка од епски размери

Драгана Велковска, aктивистка за заштита на животни и животна средина so реакција на изјаснувањето од …

error: Содржината е заштитена!