Серијата „Бранител“ е инспирирана од вистински настани и е базирана на книгите на адвокатот Оливер Ињац „Големите адвокатски одбрани“, на адвокатот Филота Фила „Ги бранев осудените на смрт“, како и на оригинални судски предмети од адвокатите Вељко Губерина и Тома Фила.

На возбудлив филмски начин, низ елементи на драма и трилер, серијата ги раскажува животните приказни на обични луѓе кои се нашле во околности со кои не знаеле или не можеле да се справат. Во средиштето на секоја приказна се љубовта, влијанието на средината, борбата за моќ и неочекуваните пресврти што може да ги создаде само животот.

Приказните ги следиме низ перспективата на адвокатите – бранители кои, во потрага по вистината, нè водат низ животите на главните протагонисти и постепено ги откриваат околностите што довеле до злосторството.

Ова се безвременски приказни за човечките судбини, но и за професијата чија основна заклетва е да го брани човекот, а не делото што го сторил. Изборот на случаите е направен врз основа на повеќе критериуми – колку силно го разбранувале интересот на јавноста, но и според умешноста на адвокатите да ги поместат границите на правната одбрана.

Иако дејството е сместено во едно поинакво време – Југославија, во периодот од 1955 до 1975 година – овие приказни звучат изненадувачки современо, бидејќи човечките слабости и гревови отсекогаш биле исти.

Од понеделник до четврток во 22.15 часот, започнувајќи од 16 ноември 2026.
Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
