Почетна / Телевизија / „Животот раскажува“ за неверојатни судбини секој викенд на Сител

„Животот раскажува“ за неверојатни судбини секој викенд на Сител

Сабота и недела во 18 часот на Сител телевизија ќе се емитува новата хрватска емисија “Животот раскажува”. Емисијата на хрватската Нова обработува широк спектар на социјални и општествени теми. Во секоја емисија, гледачите ќе се запознааат со неверојатни луѓе и ќе ги чујат нивните животни приказни, кои ќе пробудат силни и длабоки емоции кај секој од нас.

Бројни човечки судбини кои овде ќе бидат раскажни ќе ги остават гледачите без текст, а ќе нѐ запознаат и со храбри личности, борци кои со своите примери ќе покажат дека човекот е во состојба да преброди секакви тешкотии и проблеми. Додека смеата и солзите се испреплетуваат, ќе се потсетиме дека љубовта и здравјето се оние најважните во животот.

Во првата емисија која ќе се емитува на 2 февруари, ќе ја запознаеме Јованка која е во потрага по нејзината сестра Јасмина со која се видела последен пат кога имала само десет години, односно пред точно 34 години. Ќе се оствари ли желбата на Јованка да ја запознае одамна загубената и посвоена сестра? Каква средба ќе им приреди тимот на оваа емисија, гледаме во првата епизода од “Животот раскажува”. Во истата емисија, една учителка од Хрватска ќе покаже како ги учи децата на хуманитарни дела  и како го буди нивниот сензибилитет кон оние поразличните од нив.


Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Законска обврска – вести во предизборието за лица со сетилна попреченост

Согласно обврските од Изборниот законик, Јавниот радиодифузен сервис, односно Првиот и Вториот програмски сервис на …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!