Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / „Вечер по 8 со Миро“ со нова сезона во ново студио на Алфа

„Вечер по 8 со Миро“ со нова сезона во ново студио на Алфа

„Вечер по 8 со Миро“, со водителот Мирослав Кацаров, се врати на телевизија Алфа со својата нова сезона.

Новите изданија се емитуваат секоја сабота од 20 часот, носејќи интересни гости, музика, разговори и многу забава.

Емисијата доби ново телевизиско студио, а за добрата атмосфера и музичкиот дел е задолжен „Либеро бенд“.

Покрај Миро, дел од емисијата е и соводителката Ангела, која дополнително ја збогатува атмосферата и комуникацијата со гостите.

И во новата сезона, „Вечер по 8 со Миро“ продолжува со својот препознатлив концепт – опуштени разговори, интересни приказни, музички настапи и забавни моменти со познати личности од домашната јавна сцена.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Муза“, разговори на ТВ 24 за култура, уметност, инспирација

„Муза“ е културно-уметничка емисија која се емитува на телевизија 24. Уредник и водител на емисијата …

error: Содржината е заштитена!