Драги Иванов продолжува со нова музика, откако го сподели неговиот прв албум „Небо“ пред година и пол. Овој пат со нов проект насловен „Wrong Idols“ кој содржи две нови песни и една кој ја има издадено уште во Септември 2019 година.
Песните прават една целина, од животно искуство кое е алхемизирано во три лекции преку песни, причината е „Wrong Idols“, грешката што ја правиме, „Peace Of The Pie“ и резултатот што таа го носи, „Dreams I Lost“. Проектот е достапен на сите стриминг платформи исто така.
Драги сподели дека како што ја објавил „Dreams I Lost“ на 29.09.19, почувствувал дека е правилно и останатиот дел од проектот „Wrong Idols“ да биде објавен на истиот датум.
Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
