Почетна / Сапуници / Љубов и крвна освета во новата сапуница „Искушение“ на Канал 5

Љубов и крвна освета во новата сапуница „Искушение“ на Канал 5

Во далечните предели на Кападокија, од пламенот на крвната одмазда се раѓа една голема љубов. Атеш е човек кој со години ги носи лузните од своето детство. Прогонуван од болното минато и воден од желбата за одмазда, тој се враќа на местото што некогаш го напуштил, решен да се пресмета со семејството кое го уништило неговиот живот.

Но неговото оружје не е насилството, туку еден неочекуван договор – брак со невината Мерџан, ќерката на неговиот најголем непријател, кој треба да трае точно 187 дена. Мерџан, која веќе му е ветена на Незир, ненадејно се наоѓа во средиштето на борба што никогаш не ја избрала.

Растргната меѓу лојалноста кон семејството, сопствените сомнежи и неизвесната иднина, таа е принудена да се соочи со човек чии вистински намери се скриени зад гневот и тајните од минатото.
Атеш верува дека Мерџан е клучот за неговата одмазда, но неговиот внимателно подготвен план почнува да се распаѓа кога меѓу нив се раѓа силна и неочекувана љубов.

Додека бракот што започнува како средство за одмазда се претвора во борба за достоинство, чувствата меѓу Атеш и Мерџан стануваат сè посилни и поопасни. А во сенка, љубоморната Асли ја користи секоја можност за да ги раздели, решена да ја уништи врската што се создава меѓу нив.

Од понеделник до петок на Канал 5 во 22 часот, турската сапуница  “Искушение”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По кој пат Прва Скопска ТВ ќе ја репризира руската серија „Јаничар“?

Премиерно започна со емитување на 14 декември 2020 година на МТМ (Прва Скопска ТВ), по …

error: Содржината е заштитена!