Почетна / Телевизија / Канал 5 со бојкот на пресот на Бобан Авалон, ќе ја следат ли и другите ТВ ?

Канал 5 со бојкот на пресот на Бобан Авалон, ќе ја следат ли и другите ТВ ?

Канал 5 ќе го бојкотира денешниот прес од 13 часот на Бобан Авалон, и очекува и другите колеги да го направат истото. Во продолжение, соопштение на телевизијата :

“Нашата ТВ куќа е ужасната и фрапирана од нивото на воспитна запуштеност и дрскост на човекот кој има лична дилема дали личи на идиот или не.
Но оваа дилема на Бобан Милошески од Авалон не смееше да прерасне во класична вербална агресија и булинг кон нашата колешка од Слободен Печат која во ниту еден момент не изусти провокативен збор.
Уште поважно што станува збор за дама која никако не очекувала да биде јавно таргетирана од страна на претставник на посилниот пол.
Лица со ваков дефицит на самоконтрола не смеат да бидат дел од медиускиот простор во Македонија!”

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Алфа телевизија со нов веб сајт со модерен изглед и повеќе содржини

Алфа ТВ со целосно редизајниран веб-сајт, кој носи помодерен изглед, поедноставна навигација и значително подобра …

error: Содржината е заштитена!