Почетна / Сапуници / Ова се Нур и Мали од „Лејла“ – најопасниот телевизиски тандем

Ова се Нур и Мали од „Лејла“ – најопасниот телевизиски тандем

Гонџа Вуслатери и Јигит Киразџи успеаја да создадат еден од највпечатливите и најнепредвидливи тандеми во серијата „Лејла“.

Како Нур и Мали, тие се љубовници и сојузници во измамите, но и два лика чиј однос постојано се движи меѓу страст, интерес, љубомора и предавство.

Интересно е што Јигит Киразџи открил дека токму необичноста и непредвидливоста на приказната биле меѓу причините што го привлекле кон проектот. За својот лик Мали вели дека може да го разбере како човек, но дека тоа не значи оти ги оправдува неговите постапки.

Иако Нур и Мали пред камерите оставаат впечаток на пар кој во секој момент може или страсно да се прегрне или целосно да се уништи, зад камерите приказната е многу помирна. Нема потврдени информации дека Гонџа Вуслатери и Јигит Киразџи некогаш биле во приватна љубовна врска, па нивната впечатлива хемија останува дел од актерската игра.

Дека атмосферата меѓу актерите на снимањето е добра покажала и роденденската прослава на Гонџа. Продукцијата ѝ приредила изненадување директно на сетот, а меѓу колегите со кои го одбележала роденденот бил и Јигит Киразџи.

Пред камерите гледаме опасна љубов, страст, измами и предавства. Зад камерите пак, двајца актери кои успеаја толку убедливо да ги оживеат Нур и Мали што кај гледачите неизбежно се наметнува прашањето дали дел од таа хемија постои и во реалниот живот.

Негативците Нур и Мали ги гледаме во хит серијата „Лејла“, од понеделник до петок во 21.25 часот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Неколку репризни термини за италијанската сапуница на Телма

Серијата „Женски рај“, чија трета сезона во моментов се емитува на Телма, од четврток (1 …

error: Содржината е заштитена!