Истражување на Фондација Метаморфозис кое ви го пренесуваме во целост :
Владата на Република Македонија и понатаму е најотворената влада во регионот, но овогодишното мерење покажува благ пад на нејзината отвореност и значителни разлики меѓу институциите. Според Индексот на отвореност 2026, кој ја мери состојбата за 2025 година, Владата исполнува 75,84% од индикаторите. Во минатогодинешното мерење, Владата исполнуваше 77,32% од индикаторите. Истовремено, министерствата во Северна Македонија со просечни 61,13% имаат највисоко ниво на отвореност меѓу министерствата во регионот, додека извршните органи просечно исполнуваат 56,87% од индикаторите. Индексот на отвореност, кој се спроведува по десетти пат, ја проценува работата на институциите преку четири клучни принципи на добро владеење: транспарентност, пристапност, интегритет и ефикасност, со отворените податоци како заеднички домен.

Истражувањето опфати 39 институции: Владата, односно Генералниот секретаријат, 20 министерства и 18 извршни органи. Отвореноста сè уште зависи од институциите и поединците Иако Северна Македонија има најдобри резултати во регионот, наодите покажуваат дека отвореноста сè уште не е доволно институционализирана. Реорганизацијата на извршната власт и промените на интернет-страниците и комуникациските канали во текот на 2025 година го нарушиле континуитетот во објавувањето информации. Особено ограничена останува транспарентноста на процесот на донесување одлуки. Седниците на Владата не се отворени за јавноста и не се пренесуваат, додека објавените записници не обезбедуваат доволно информации за тоа како се носат одлуките. Владата и понатаму селективно одлучува кои точки и придружни документи ќе ги објави, поради што јавноста нема целосен увид во материјалите врз основа на кои се носат одлуките. Најголем предизвик за извршната власт останува пристапноста, која има најниска оценка од сите четири области и изнесува 50,83%.

Таа го опфаќа не само пристапот до информации, туку и механизмите за комуникација, учество и консултации со јавноста. Владата исполнува 72,19% од овие индикатори, министерствата 42,33%, а извршните органи само 37,96%. Буџетската транспарентност останува слаба И покрај тоа што државниот буџет е јавно достапен, значајни информации за неговото извршување и трошењето на средствата и понатаму недостигаат. Не е објавен Граѓански буџет, ниту полугодишен извештај за извршувањето на државниот буџет. Не се објавуваат ниту поединечните одлуки за користење на средствата од буџетската резерва. Кај министерствата, само 3 од 20, односно 15%, објавуваат периодични финансиски извештаи, додека кај извршните органи тоа го прават само 2 од 18, односно 11,1%. Тоа значи дека граѓаните во текот на годината имаат ограничена можност да следат како институциите ги трошат јавните средства во однос на планираниот буџет. Од друга страна, позитивен тренд е забележан кај транспарентноста на јавните набавки.

Плановите за јавни набавки ги објавуваат 90% од министерствата, повиците 95%, а одлуките и договорите по 90%. Најголем напредок има кај годишните извештаи за јавните набавки, од 65% во претходното мерење на 85% во актуелното. Големи разлики меѓу институциите Резултатите покажуваат дека отвореноста не е еднакво воспоставена во институциите. На врвот на ранг-листата на министерствата е Министерството за одбрана со 90,74%, следено од Министерството за внатрешни работи со 75,90% и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со 75,35%. Кај извршните органи, најдобро рангирани се Агенцијата за храна и ветеринарство со 81,65%, Државниот завод за статистика со 80,52% и Управата за јавни приходи со 77,35%. Најнизок резултат меѓу извршните органи има Државниот инспекторат за транспорт со 29,41%. Потребни се системски, а не декларативни промени Во областа на отворените податоци, пак, предизвикот повеќе не е само воспоставувањето инфраструктура, туку нејзиното систематско користење. Владата исполнува 44,79% од индикаторите за отворени податоци, извршните органи 44,03%, а министерствата 33,34%.
Потребни се континуирана обука на службениците, јасно определени одговорни лица, редовно објавување и ажурирање на податочните сетови и поголемо внимание на нивниот квалитет и повторна употреба. Индексот укажува дека дел од препораките се повторуваат од претходните циклуси бидејќи идентификуваните слабости не се надминати или се надминати само делумно. Затоа, приоритет треба да биде институционализирањето на отвореноста, така што нејзината примена нема да зависи од промените во раководствата, реорганизациите или индивидуалната иницијатива на службениците. Меѓу клучните препораки се воспоставување систем за редовно следење на исполнувањето на стандардите за отвореност во министерствата и органите во состав, со јасни одговорности, периодично известување и мерки кога институциите континуирано не ги исполнуваат обврските,
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
