Почетна / Сапуници / Дознајте го името на новата ТВ новела која започнува наскоро

Дознајте го името на новата ТВ новела која започнува наскоро

ТВ Пакет ексклузивно дознава – во февруари на Прва скопска МТМ телевизија и сите останати локални телевизии ширум земјава, започнува со емитување нова латиноамериканска серија. Интригантна приказна во 125 продолженија која е вистинско освежување за фановите на теленовели.

Подгответе се – доаѓа “Фамилијата Реј”.

Пријателство предадено за моќ и пари. Љубов за која вреди да се умре и одмазда која го заслепува ранетото срце. Сплетки кои ќе ве остават без здив од почетокот до крајот. Време е да се запознаеме со “Фамилијата Реј”, која на малите екрани ќе го врати вашиот миленик од “Скриени страсти” и “Научи ме да сакам”.

“Фамилијата Реј” е мексиканска сапуница која критиката и публиката ја споредија со американската “Далас” и која ги освои најголемите награди на престижните TV Addicto Golden awards во 2012-та година. Наскоро, ќе ве информираме за содржината и терминот на емитување.

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дознајте во кој термин на Телма ќе се емитува новиот хит со Вилијам Леви

Телевизија Телма наскоро започнува со емитување на новата колумбиска теленовела со познатиот латиноамерикански актер во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!