Почетна / Забава / 60-годишен јубилеј на Факултетот за музичка уметност – Скопје

60-годишен јубилеј на Факултетот за музичка уметност – Скопје

По повод одбележувањето на 60-годишниот јубилеј на Факултетот за музичка уметност – Скопје, ве очекува музичка вечер исполнета со енергија, емоции и врвни изведби, посветена на Катедрата за популарни жанрови.

На сцената на Бар „Филхармонија“ ќе се обединат истакнати музички уметници, професори и алумни, меѓу кои Џијан Емин, Гоце Стевковски, Андријана Јаневска, Теа Трајковска, Тамара Тодевска, Лидија Кочовска, Маја Капсарова и многу други, во прослава на шест децении музичка уметност, креативност и инспирација.
📅 19 октомври 2026 година
🕢 19:30 часот
📍 Бар „Филхармонија“

Концертот се реализира со поддршка на Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија, под покровителство на претседателката на Република Македонија, проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Пред големиот концерт во Скопје, Северина со три нови песни

Неодамна, Северина на својот YouTube канал го објави спотот за новата песна „Nisam kriva ja“ …

error: Содржината е заштитена!