Почетна / Серии / Мет ЛеБланк во новата попладневна комедија „Епизоди“ на Телма

Мет ЛеБланк во новата попладневна комедија „Епизоди“ на Телма

Веќе никогаш нема да ја гледате телевизијата на ист начин во новата урнебесна комедија на Телма телевизија. “Епизоди” e хумористична серија во 41 продолжение која на Телма се емитува од понеделник до петок во 17:20 часот.

Во серијата се запознаваме со Шон и Беверли, среќен британски брачен пар кои се успешни творци на британски хит серии. Се чини дека нивниот живот е исполнет, сѐ до моментот кога исклучително моќен и харизматичен сопственик на една американска ТВ куќа не ги убеди да се преселат во Лос Анџелес како би снимале американска верзија на нивната серија. Но, откако Шон и Беверли ќе пристигнат во ЛА, гледаат дека работите не се такви какви што они ги замислуваа.

Се испоставува дека човекот никогаш не ја видел нивната серија и во новиот ТВ проект бара од нив да го променат главниот актер со школованиот комичар Мет Ле Бланк. Двајцата сопружници се згрозени затоа што од нив се бара улогата на мудар и речит директор на елитен интернат за деца да му припадне на Мет, ѕвездата на “Пријатели” и “Џои”. Влегувањето на Мет во серијата не само што ќе влијае на професионалната кариера на Шон и Беверли, туку ќе го разниша и нивниот брак.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Алфа ќе емитува уште една српска серија, емитувана веќе на Сител

“Ја бранев младата Босна” сега станува “Адвокатот на атентаторот” Од 2 март (сабота) во 20 …