Белгиско-холандско-германска серија на Телма од понеделник (26 октомври) во 22.15 часот.

По смртта на својот татко, Бен Шоц се враќа во родното Мореснет, каде што со пријателите од детството одлучува да откопа временска капсула закопана пред 22 години. Во неа го открива дневникот на својот брат Даан, а на последната страница – список со имињата на пријателите и датумите на нивната смрт.

Кога мрачните предвидувања почнуваат да се остваруваат, Бен и новинарката Зое тргнуваат во трка со времето за да ја откријат вистината и да ја спречат судбината.

Нивната потрага ги води до моќна компанија за невротехнологија, зад чии врати се крие тајна што може да го промени нивното сфаќање за животот и смртта.
Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
