Почетна / Серии / По „19-2“ на Сител ќе се емитува австралискиот трилер „Кодот“

По „19-2“ на Сител ќе се емитува австралискиот трилер „Кодот“

“Кодот” е австралиска серија во две сезони и вкупно 12 продолженија која на ТВ Сител ќе се емитува од понеделник (18 јули 2022) во 00.15 часот.


Во првата сезона, гледаме како едно украдено возило ќе се судри со транспортен камион среде пустина. Двајца тинејџери во автомобилот се критично повредени, но никој не повикал помош затоа што инволвиран е чинител во таен истражувачки проект.

Несреќата ќе останеше мистерија да не беа Нед Бенкс, млад интернет новинар и неговиот брат Џеси Бенкс, врвен хакер кои ќе објават едно видео што ќе почне да ги отплеткува конците.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Итна служба: Тексас“, нова полициска серија во познатиот термин

Една од најпознатите американски франшизи продолжува со нова и возбудлива серија. Овој пат, се селиме …

error: Содржината е заштитена!