Почетна / Живот / Фондација Метаморфозис: Собранието второ по отвореност во регионот

Фондација Метаморфозис: Собранието второ по отвореност во регионот

Македонското Собрание оствари 76,49% исполнетост на индикаторите за отвореност, со што го задржа второто место меѓу парламентите во регионот, покажува најновото мерење на Регионалниот Индекс на отвореност. Резултатот претставува мало подобрување во однос на претходниот циклус, кога Собранието имаше 76,04%, и го потврдува континуираниот позитивен тренд во последните четири мерења. Според Регионалниот Индекс на отвореност, Собранието на Црна Гора е прво со 82,26%, додека Собранието на Северна Македонија е второ со 76,49%. Следуваат Народното собрание на Србија со 59,42% и Парламентарното собрание на Босна и Херцеговина со просечни 58,49%.

И покрај високото ниво на отвореност, анализата покажува дека најголемиот предизвик не е само постоењето на формални правила, туку нивната доследна примена и воспоставувањето трајни механизми за транспарентно и навремено информирање на јавноста. Повеќе од половина од законите донесени по скратена постапка Еден од клучните предизвици останува начинот на кој се носат законите. Во 2025 година Собранието донело 220 закони, од кои 121, односно 55%, биле усвоени по скратена постапка. Иако ова претставува намалување во однос на претходните години, скратената постапка и понатаму е доминантен начин на донесување закони. Анализата покажува дека значителен дел од законите донесени по скратена постапка биле поврзани со технички и организациски усогласувања со Законот за организација и работа на органите на државната управа. Сепак, повеќе од половина од усвоените закони по скратена постапка укажува на потребата од поголемо користење на редовната законодавна постапка, која обезбедува повеќе простор за парламентарна расправа, јавни консултации и учество на стручната јавност.

Транспарентноста е силна страна, ефикасноста најслаба Собранието остварува 62,19% во областа транспарентност, а 63,94% во областа пристапност. Во областа интегритет исполнетоста изнесува 57,63%, додека најнизок резултат е забележан кај ефикасноста 37,78%. Добри резултати се забележуваат во објавувањето на дневните редови, законодавните материјали, записниците, стенографските белешки и резултатите од гласањето, како и во достапноста на директните преноси и архивата на пленарните седници. Собранието дополнително развива дигитални алатки, вклучително и портал за отворени податоци, систем за онлајн пријавување посети, виртуелна тура, регистар на организации на граѓанското општество и ВИ асистентот „Прашај“. Сепак, значителен дел од документите и понатаму се објавуваат исклучиво во PDF формат, што ја ограничува нивната понатамошна анализа и повторна употреба.

Потребно е пошироко користење отворени и машински читливи формати на податоци. Потребно е посистематско вклучување на јавноста Во текот на 2025 година биле организирани осум јавни расправи, а Парламентарниот караван посетил 10 градови, при што во активностите учествувале 54 пратеници и директно биле вклучени 2.376 граѓани. Овие практики претставуваат позитивни примери за приближување на Собранието до граѓаните. Сепак, јавните консултации и понатаму во голема мера зависат од иницијативата на поединечни комисии, наместо да претставуваат системска практика за сите закони од поширок јавен интерес. Потребно е систематско објавување на добиените коментари и информации за тоа како тие влијаеле врз конечните законски решенија. Собранискиот надзор функционира, но не се користи целосно Во 2025 година биле поднесени осум интерпелации за носители на јавни функции, одржани две надзорни расправи и формирана една анкетна комисија.

Наодите покажуваат дека контролните механизми се функционални, но нивната примена може да биде поинтензивна за целосно искористување на надлежностите на Собранието. „Отвореноста на парламентите не може да се мери само преку бројот на објавени документи. Таа подразбира граѓаните навремено да знаат што се предлага, да имаат можност да учествуваат во процесот и да можат да следат како нивните ставови се земени предвид. Затоа, следниот чекор за Собранието треба да биде претворање на добрите практики во трајни и системски механизми“, се наведува во анализата. Анализата „Проценка на доброто владеење на законодавната власт во Северна Македонија и регионот преку Индексот на отвореност“ е изработена во рамки на проектот „Користење на новите медиуми за промовирање на владината транспарентност“ финансиран од Национален фонд за демократија што го спроведува Фондација Метаморфозис.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Искри на душата: Новата поетска збирка на Васил Дрвошанов

Поезијата има моќ да допре до најдлабоките катчиња на човечката душа, да разгори емоции и …

error: Содржината е заштитена!