Почетна / Забава / Евровизија / Луксембург по 30 години, избра претставник за Евровизија 2024

Луксембург по 30 години, избра претставник за Евровизија 2024

Пo пауза од 30 години, на минатогодишната Евровизија беше објавено дека оваа година Луксембург се враќа во големото евровизиско семејство. Враќањето беше во голем стил со национален избор на кои беа дури шест евровизиски победници, нешто што досега се нема случено на ниеден национален избор.

Една од водителките на изборот беше и Дезире Носбуш, која во 1984 година беше водителка на Евровизија последен пат одржана во Луксембург и со нејзините 18 години до денес е најмладата водителка на Евровизија.

На националниот избор учествуваа 8 песни, a во големото финале се пласираа вкупно три од нив и како победник и прв претставник на Луксембург по 30 години оваа година во Малме, Шведска ќе биде Tali со песната Fighter која беше прва кај интернационалното жири и втора од гласовите на публиката.

Македонија втора година по ред не учествува на Евровизија, па не ни останува друго освен да навиваме за другите земји со песните кои ќе ни се допаднат.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дали Baby Lasagna ќе биде хрватскиот претставник на Евровизија?

Откако ХРТ ги објави песните учеснички за фестивалот Дора 2024, од каде се бира хрватскиот …

error: Содржината е заштитена!