Почетна / Сапуници / Најновата ТВ новела „Доменика Монтеро“ пристигна во Србија

Најновата ТВ новела „Доменика Монтеро“ пристигна во Србија

Новата мексиканска теленовела „Доменика Монтеро“ (Doménica Montero) оваа есен пристигна и пред гледачите во соседна Србија, каде што се емитува на телевизијата К1.

Станува збор за една од поновите продукции на Televisa со Анжелик Бојер и Маркус Орнелас во главните улоги.

Приказната ја следи богатата наследничка Доменика, чиј живот целосно се менува откако ќе биде предадена и јавно понижена на денот на својата венчавка. Таа се повлекува на семејниот имот „Ла Хоја“, каде што ја очекуваат нови конфликти, семејни тајни, но и средбата со Луис Фернандо.

К1 и изминатата сезона им понуди на своите гледачи познати латиноамерикански продукции, меѓу кои „Бездушна“ (La Desalmada) и „Кафе со мирис на жена“ (Café con aroma de mujer), а сега продолжува во истиот правец со „Доменика Монтеро“.

Новата теленовела веќе постигна значителен меѓународен успех. Продадена е за емитување во повеќе од 70 земји, а за време на прикажувањето во Мексико беше најгледаната теленовела во ударниот термин, според податоците на Televisa.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Теленовелите повторно исчезнаа од Телма – публиката бара одговор

Телевизија Телма повторно ги разочара гледачите кои со години ги следат теленовелите во дневната програмска …

error: Содржината е заштитена!