Почетна / Живот / Фото | Се одржа 3. издание на „Meet Prespa 2021“ во село Љубојно

Фото | Се одржа 3. издание на „Meet Prespa 2021“ во село Љубојно

Изминатиов викенд се одржа третото издание на Фестивалот “Meet Prespa”. Оваа година Фестивалот на традиционалните преспански специјалитети беше организиран во село Љубојно, каде дваесетина домаќинства од регионот ги презентираа своите домашни специјалитети.

Многу задоволни посетители имаа можност да ги вкусат традиционалните јадења од вештите раце на локалната жена.

А вечерта, на плажата Дупени, во близина на тромеѓето на нашата земја со соседни Грција и Албанија, се споија DJ-и од трите држави настапувајќи пред младата публика.

Фестивалот беше посетен од преку 1.000 посетители. Организаторите на овој настан, НВО Преспа Гради Општина Ресен велат дека се пријатно изненадени од интересот за посета на овој регион што ги охрабрува четвртото издание на овој Фестивал да има уште побогата програма.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Отворен е вториот инкубаторски повик на Стартап Клуб Скопје

Време е за нови стартап бизниси на нашата сцена! – Стартап Клуб Скопје првиот централен …

error: Содржината е заштитена!