Пред осумнаесет години, 15-годишната Ела Робертс исчезнува од Ланемелин, мало гратче во Велс. Младиот Џо Причард (Иван Реон) е уапсен за нејзиното убиство откако признал дека е виновен. Но, телото никогаш не е пронајдено, бидејќи Причард не открива каде го скрил.

По излегувањето од затвор на Причард, новинарката Кет Донато (Александра Роуч), која била пријателка со Ела, решава повторно да го отвори случајот. Неговото враќање е трауматично и за мајката на Ела, Шерон (Џоана Скалан). Таа никогаш не успеала да ја надмине загубата на својата ќерка и сè уште бара одговори што Причард досега не бил во можност да ги даде.

Нова велшка серија на Телма од понеделник до четвротк во стандардниот термин за крими серии – 22.15 часот.
Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
