Почетна / Серии / Од понеделник пак репризни серии – што се случува со Телма ?

Од понеделник пак репризни серии – што се случува со Телма ?

И додека сите телевизии во регионот ги презентираа и започнаа новите програмски шеми, кај нас ситуацијата како да уназадува. Некој со стари програмски шеми, некој со импровизација на АИ синхронизација, а Телма со репризи на серии.

Па така, од понеделник (5 октомври), наместо да понуди премиерна серија за своите гледачи во стандардниот термин за крими серии – 22.15 часот, телевизијата ќе репризира веќе емитувана серија и тоа ирска серија, премиерно прикажана пред скоро две години.

Ова не е единствената репризна серија која оди ноќе на Телма. И во 23.20 часот се репризира друга веќе прикажана содржина.

До кога Телма телевизија ќе емитува репризи на веќе прикажани серии во претходните сезони и кога конечно програмската шема ќе добие континуитет со премиерни содржини за гледачите?

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Алиенист“ во 23:30 часот – реприза на серија во новата Телма сезона

„Алиенист“ започнува кога низа морничави убиства на момчиња проститутки го зафаќа Њујорк. Новоназначениот полициски комесар …

error: Содржината е заштитена!