Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Две познати дами со политички дебати во новата сезона на МРТ

Две познати дами со политички дебати во новата сезона на МРТ

Анита Петровиќ Рајковиќ и Билјана Трендафилова се новинарските имиња кои ќе ги водат дебатните емисии на МРТ 1 во новата програмска шема.

Aнита беше задолжена за слична политичко дебатна емисија на некогашната Нова телевизија, а Трендафилова ја гледавме до пред две години во емисија со сличен концепт на Алфа.

Сега двете дами се дел од новата програмска сезона на Македонската телевизија.

Анита ќе биде задолжена за вторничната дебата “Без наслов …”, каде секоја емисија ќе отвора една актуелна тема и ќе им остава простор на соговорниците да ја анализираат од различни перспективи.

А, пак, Билјана ќе биде одговорна за дебатата во среда “… Со повод”, која ќе биде директно поврзана со конкретен повод и актуелен настан.

И двете телевизиски емисии ќе се емитуваат секоја седмица во 20.30 часот, едната во вторник, другата во среда, веднаш по централниот Дневник.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Викенд ток шоу емисии секоја недела во новата сезона на МРТ 1

Покрај многутте нови забавни, дебатни и информативни емисии кои на МРТ 1 се емитуваат од …

error: Содржината е заштитена!