Почетна / Сапуници / Неколку репризни термини за италијанската сапуница на Телма

Неколку репризни термини за италијанската сапуница на Телма

Серијата „Женски рај“, чија трета сезона во моментов се емитува на Телма, од четврток (1 октомври) повторно ќе добие ново стар термин. Премиерните епизоди ќе се емитуваат во 13:45 часот, токму во терминот во кој и започна нејзиното прикажување.

Во меѓувреме, серијата смени неколку позиции во програмската шема, па се чини дека уредувачкиот тим на телевизијата сè уште не успева да ѝ најде постојан термин.

Но, тука не завршува приказната. Покрај премиерното емитување во 13:45 часот, секоја епизода ќе се репризира веќе следниот ден во 11:30 часот, додека дополнителни репризи на петте епизоди од работната недела се предвидени и во сабота и во недела, повторно во дневните термини.

Во услови кога Телма не нуди нови теленовели, а ниту нова премиерна серија за традиционалниот крими термин во 22:15 часот, очигледно најлесното решение е една иста содржина да се врти одново и одново низ програмската шема.

Наместо нова сезона да значи нова и побогата програма, гледачите добиваат нови термини за репризи.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Наместо нови серии, Алфа ќе репризира позната турска серија

Телевизија Алфа за наредниот период најавува реприза на веќе прикажана турска серија на Сител телевизија, …

error: Содржината е заштитена!