Почетна / Сапуници / Наместо нови серии, Алфа репризира позната турска серија

Наместо нови серии, Алфа репризира позната турска серија

Телевизија Алфа за наредниот период најавува реприза на веќе прикажана турска серија на Сител телевизија, и тоа со голем успех пред 14 години.

Наместо за новите генерации на гледачи да прикаже премиерна програма, односно премиерни серии, телевизијата одлучува да продолжи со теркот на репризирање на успешници кои донеле големи рејтинзи и профити за другите национални телевизии во минатото.

Па така, во низата на репризи на 1001 ноќ, Кога лисјата паѓаат, Величествениот и Аси, сега следува реприза и на познатата “Бурни времиња”, која впрочем неколку пати се прикажа и на кабловските канали на српска Прва ТВ.

До кога гледачите на оваа телевизија ќе гледаат рециклажи на веќе емитувани турски серии? Дали македонските телевизии треба да го следат примерот на сите телевизии во регионот и конечно да понудат целодневна премиерна програма?

Во моментов ниедна национална терестријална телевизија во Хрватска, Албанија, Бугарија, Црна Гора, Босна, Словенија и Косово не репризира турска емитувана серија, а премиерни серии одат и на каналите во Србија како Пинк, Прва, Хепи.

| ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Теленовелите повторно исчезнаа од Телма – публиката бара одговор

Телевизија Телма повторно ги разочара гледачите кои со години ги следат теленовелите во дневната програмска …

error: Содржината е заштитена!