Почетна / Сапуници / Фото | Сеит од „Ѕвезда водилка“ бил гладијатор во опасни арени

Фото | Сеит од „Ѕвезда водилка“ бил гладијатор во опасни арени

Шукру Озилдиз е маркантниот турски актер, кој го гледавме како протагонист во турските серии “Има ли надеж?”, “Повторно роден” и “Без здив”, а сега ги освојува македонските гледачки со улогата на Сеит во приказната за моралот и традицијата – “Ѕвезда водилка”.

Oд мали нозе започнал да се занимава со тајландски бокс, а потоа се запишал на студии по менаџмент, отишол во Португалија и таму сфатил дека сака да се испроба во нешто поекстремно.

Многумина ја сметаат Португалија за колевка на боречките вештини. Кога дојдов на студии таму, решив да се испробам и со борбите во кафез – кажува згодниот актер.

Во тие борби, младиот Турчин ги победувал сите, на тој начин што го канализирал бесот и тагата од смртта на мајка си, која ја загубил на млади години. Но, една борба и еден лут противник ја промениле неговата судбина. Неговиот ривал во еден кафез го истепал и поразил Шукру до таа мера што актерот не можел неколку дена да се разбуди од дома.

Неговиот татко бил приморан од Турција да долета во Португалија за да биде крај синот во последните мигови од животот, но за жива среќа, Шукру успеал да се спаси и да вети дека никогаш повеќе нема да продолжи со борбите.

Затоа неговата хиперактивност ја насочил кон глумата, добивајќи улоги во неколку мини серии и филмови.

Во “Ѕвезда водилка”, која ја следите секој викенд на Сител во 19.40 часот, Шукру ја толкува улогата на Сеит, човекот кој ќе успее да ја спаси младата Зухре од стегите на традицијата, насилството и неправдата.

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Телма ја почна и „Колекција Велвет“, продолжение на познатата драма

По успехот кој го доживеа шпанската романтична драма “Велвет”, продуцентите решија да снимат и продолжение …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!