Почетна / Филм / Шпанската комедија за „Шпанската афера“ за викенд прајмтајм на Алфа

Шпанската комедија за „Шпанската афера“ за викенд прајмтајм на Алфа

Филмовите се враќаат во ударниот термин на Алфа. Секоја сабота и недела, следуваaт европски филмови, од кои повеќето се од шпанска продукција. На 8 и 9 јануари во 20.20 часот ќе се емитува филмот “Ocho apellidos vascos” на Емилио Мартинез Лазаро. Љубовна приказна во два дела која ќе ве насмее и разнежни.

Рафаел, од Севиља, никогаш не ја напуштил Андалузија, но решава да замине заради љубовта кон Амаиа, девојка од Баскија, која се разликува од сите дотогшни жени кои ги запознал. Љубовта кон таа девојка ќе го натера да ги премине сопсѕтвените граници и да се стави на тестот на своето бунтовно срце.

Во вториот дел од комедијата, повторно следуваат проблеми во врската на Амаја и Рафе. Родителите на Ама се вознемирени, кога дознаваат дека нивната ќерка се вљубила повторно, откако раскинала со Рафа. Новиот избраник е Каталонецот Пау. Иако оваа врска ја смета за „грев”, таткото рашава да ја премине границата со Баскија и да оди во Севилја за да го убеди својот поранешен зет да оди во Каталонија и да ја врати Амаја преку откуп.

Тој мора да биде толку голем за да Амаја посака веднаш да го напушти Пау. Ако дејството на првиот дел се  одвиваше во Баскија, во вториот дел случувањата се сместени во Каталонија, и на хумористичен начин го прикажува судирот на две култури.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

96-тото издание на филмските Оскари во недела на МРТ 1

В недела, 10 март од 23.30 ексклузивно на Македонската Телевизија ќе се емитува преносот од …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!