Почетна / Сапуници / Фото | Запознајте го детенцето кое ги освои симпатиите на гледачите

Фото | Запознајте го детенцето кое ги освои симпатиите на гледачите

Од понеделник до петок на Канал 5 телевизија се емитува трогателната турска драма “Тажна жена” во која го следиме макотрпниот живот на Бахар, храбра и пожртвувана жена чија најголема среќа и грижа се двете мали дечиња : Нисан и Дорук.

Малите актери кои ги толкуваат големите улоги на Нисан и Дорук ја освоија критиката во Турција, па истите беа одбрани за најдобри млади актери.

Но, децата ги придобија и симпатиите на гледачите во Македонија, кои сочувствуваат со судбината на тажната жена и се радуваат со невиноста и добрата душа на малите херои.

7 годишниот Али Семи Сефил ја толкува улогата на милото машко детенце на Тажната жена, она кое секогаш е покрај мајката и сестричката, она кое со нежната насмевка и убавите манири, ги освојува сите ликови во серијата.

Кога започнала серијата со снимање, малиот Али имал само 4 годинки, и успеал маестрално да се носи со  неговата задача, рамо до рамо со глумата на сите негови постари колеги.

Малиот Дорук го сакале сите пред и зад камерите.

Некогаш го чекавме и неколку часа по завршување на снимањето, затоа што тој не сакаше да се раздели од неговите, веќе колеги, од серијата.

И откако ќе завршеше сетот, Али се гушкаше и сликаше со другите актери, а во недела, кога не се снимаше, исто така и приватно се гледаше со актерите.

Тие го носеа во парк, на лулашки, на сладолед. Некогаш се запрашав дали е ова вистинското за мојот син, дали вреди вакво темпо на живот за толку мало дете. Но, тој никогаш не се пожали. Никогаш не почувствува умор и тоа ме правеше уште погорда и посреќна мајка – објаснува мајката на Али.

Што ќе се случи со тажната жена и нејзините дечиња во следните епизоди, дознаваме секој работен ден на Канал 5. Една неочекувана средба на Дорук со неговиот вистински татко ќе предизвика лавина емоции и ќе го промени текот на дејството.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На местото на „Тоскана“, нова италијанска серија на ТВ 24

Наспроти позадината на општествените востанија и класните борби во Италија непосредно пред Првата светска војна, …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!