Почетна / МК Сцена / „Се вратив сине“ – емотивна печалбарска песна на Миладиноски

„Се вратив сине“ – емотивна печалбарска песна на Миладиноски

Влатко Миладиноски, новата година ја започнува со промоција на нов спот, овој пат за темата „Се вратив сине“.

Спотот е снимен во Швајцарија, поточно во Лозана и Морж, и на Козјак. Музиката и аранжанот за оваа песна ги направи неговиот брат Златко Миладиноски, а текстот е на Драган Матески.

Промоцијата на најновиот спот доаѓа во време кога Влатко успешно ја заврши  телевизиската и концертната промоција на својот нов албум „Велат не нема“, а се започна точно пред една година со спектакуларниот и емотивен настап во близина на Солун, за кој зборуваа и информираа сите, каде Влатко и 2.000 македонски грла заедно ја пееја „Велат не нема“, песна која ќе ја одбележи неговата кариера.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јане Славов со преработка на најголемите румба хитови на Џипси Кингс

Еден од најхаризматичните млади вокали на нашата сцена, Јане Славов, заедно со енергичните музичари од …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!