Почетна / Филм / Италијански вестерн и Oскаровски трилер за викенд на Сител

Италијански вестерн и Oскаровски трилер за викенд на Сител

И овој викенд, нови филмски премиери на телевизија Сител. Викенд киното започнува со италијанскиот вестерн филм “Смртта јава на коњ” од 1967 година во кој ја следиме одмаздата на Бил по оние кои го убиле неговото семејство и ја запалиле неговата куќа.

Години подоцна, Бил со помош на Рајан, ја започнува големата одмазда, наоѓајќи ги еден по еден, озогласените убијци. Сите четворица од убијците имаат одредена карактеристика и белег, кои останале во сеќавање на Бил. Токму тоа сеќавање ќе го води одмаздникот во опасна борба со каубојците.

Истиот ден, но веднаш по последните вести на Сител, следува британската комедија за една “Група аматери”. Филмот премиерно беше изведен на плоштадот Лајчестер, каде присуствувала и кралицата на Кралството Британија.

Во недела, во истиот термин, 23.30 часот следиме трилер од 90-тите. “The crying game” е добитник на наградата БАФТА за најдобар британски филм, како и добитник на Оскар за најдобро сценарио. Oдлично портретирани протагонисти во филм за безусловна љубов и за патиштата кои ги одбира човечкото срце. Член на ирската армија се запознава со нивен затвореник и дава ветување дека ќе ја заштити неговата сакана. Но, ветувањето нема да се исполни кога Фергус се вљубува во девојката.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Фантастични филмски остварувања на Телма овој октомври

По скандинавскиот политички трилер “Окупирани”, новата сезона на “Аларм за Кобра”, новелата “Горчлива одмазда” и …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!