Почетна / МК Сцена / Каролина нема да тужи; Авалон продукција со соопштение до јавноста

Каролина нема да тужи; Авалон продукција со соопштение до јавноста

 

Светската продукција Авалон со реакција за откажаниот дочек

 

По повод откажувањето на главната новогодишна прослава на Градскиот плоштад во Скопје од страна на Град Скопје, се огласија Авалон продукција и нивната ексклузивка Каролина Гочева. Во продолжение во целост нивните соопштенија :

 

 

Почитувани,

Во врска со денешното случување околу откажувањето на дочекот на Нова Година од страна на Градот Скопје, официјален став на Авалон Продукција е следниот:

Имено, Авалон Продукција беше ангажирана во недостаток на сериозни финансиски средства со коишто досега се ангажираа скапи изведувачи од соседството, да организира дочек на Нова Година со македонски изведувачи, со скромниот буџет кој беше на располагање.
Под неверојатниот и нереален медиумски притисок, Градот Скопје попушти и одлучи да го откаже традиционалниот дочек на Новата Година на градскиот плоштад, веројатно сметајќи дека нема никаква пречка за тоа, поради фактот што не се ангажирани скапи артисти од соседството, туку македонски изведувачи, а притоа не водејќи сметка за следниве работи:

1. Дочек на плоштад на Нова Година се организира од хуманитарни причини и на тие дочеци доаѓаат луѓе коишто не можат да си дозволат друг тип на прослава за Новата Година .
2. Артистите ангажирани за таа Нова Година не се самите пријавени за настап, туку од нив е побарано да настапат на таа манифестација, притоа не водејќи сметка дека со тоа им се одзема можноста таа вечер да работат на некое друго место.
3. Авалон Продукција воопшто не беше консултирана за оваа одлука на Град Скопје и повторуваме дека ова немаше да се случи доколку ние за оваа прилика за Градот Скопје ангажиравме некои естрадни ѕвезди од соседството. Сигурно е дека ќе имавме договори во коишто тие ќе беа заштитени и сигурно е дека уште при потпишувањето на договорите ќе беа стандардно уплатени 50 отсто од средствата како што е стандардно вообичаено во овој бизнис.

Кога е во прашање евентуална тужба, за која сопственикот на Авалон Продукција Бобан Милошески пишува на неговиот приватен профил на Фејсбук, нашиот став е дека доколку од нас, од страна на сите ангажирани во овој проект биде побарано некакво обештетување, ние ќе мора да го бараме тоа обештетување од оној од кој што бевме агажирани, во случајов Град Скопје.
Доколку сите инволвирани во проектот сметаат дека не треба да бидат обештетени, се разбира дека Авалон Продукција нема да го тужи градот Скопје и ова ќе остане запаметено како историски преседан и аматеризам и тотално понижување на тоа што значи македонски артист и тоа што значи професионалност.
Можевме да бидеме повикани на состанок, можевме да бидеме консултирани, можевме сите заедно да организираме дочек за Нова Година и да биде побарано од сите да се откажат од средствата, а не на најаматерски можен начин за нешто што е сепак бизнис, да бидеме известени од медиумите.
Сите што требаше да учествуваат во оваа манифестација се докажани хуманитарци и нема потреба да се докажуваат на ваков начин. Сите во своите екипи кои требаа да настапат на плоштад имаат музичари кои што се ангажирани вечерта и живеат од оваа работа. Така да, споменатата тужба не е ничив хир, туку едноставно е одраз на некаква прагматичност во целава ситуација.

Замолуваме сите медиуми што ќе го пренесат нашиот став, да го пренесат во целост, затоа што парцијално пренесување доведува до вадење од контекст.

Со почит,
Авалон Продукција

 

 

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тамара Волческа ја оживеа нејзината прва песна „Do you remember“

На 10.03.2024 година, во 12:00 часот, Тамара Волческа ја промовираше својата нова песна на македонски …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!