Почетна / Сапуници / Почина незаборавната Шахика, негативката во „Забрането јаболко“

Почина незаборавната Шахика, негативката во „Забрането јаболко“

Неверојатен пресврт во најновата епизода од популарната гламурозна драма “Забрането јаболко”. Серијата која постави високи критериуми кај телевизиските продукции не престанува и понатаму да изненадува.

Неочекуван шок во вечерашната епизода ги запрепасти гледачите на Канал 5.

Негативката која убиваше со отров овојпат стана жртва на една психопатка. Почина Шахика Екинџи !

Велат дека “Човек мора да не се плаши од смрт, туку од празен живот”. Шахика не се плашеше од празен живот затоа што таа не се плашеше да живее. Таа живееше како секој момент да е последен.

Газеше сè пред себе, пленеше со нејзината иронија и сарказам, со остромноста, но и со забавниот дух и стас кој вредеше за милион долари.

Што по Шахика? Кој ќе кова злокобни планови во “Забрането јаболко”? Кој ќе ги прави најопасните сплетки кога ја нема Претседателката?

Ги следиме последните епизоди од оваа сезона на авангардната приказна од градот крај Босфорот. Изненадувањата допрва ќе ве остават без зборови во ексклузивните епизоди од “Забрането јаболко”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Која е свекрвата од Сителовата драма за „Девојката од прозорецот” ?

Ова е Гулџихан, свекрвата на Девојката со која се дружиме од понеделник до петок навечер …

error: Содржината е заштитена!