Почетна / МК Сцена / Младиот хармоникаш Костадин сними ново македонскo оро

Младиот хармоникаш Костадин сними ново македонскo оро

Костадин Крстески на свои 19 години има компонирано, отсвирено и снимено неколку ора, од кои две промовираше на крајот од минатата година, а едното од нив е токму најновото „Кичевска саса“. Во моментов е студент на факултетот за музичка уметност.

  • Ја сакам македонската традиција и музика. Сакам се што е поврзано со нашата музика и затоа посебно се радувам и сум горд на секое мое промовирано и прифатено оро од публиката. Минатата година ја завршив со промоција на две мои ора, а во новава најавувам уште многу изненадувања за уживателите на македонскиот мелос, вели младиот Костадин.

Од новитетите кои и самиот музичар ги најавува, засега сигурни се уште неколку нови проекти, меѓу кои и албум, каде на едно место ќе бидат сместени сите досегашни снимени материјали на овој млад музичар.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Година по година“, нова емотивна песна на Лазар и Елена Наумови

„Зошто молчиш ќерко, солзи сокриваш каде пат ќе тргаш, збор не кажуваш…“ …се првите стихови …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!