Почетна / Телевизија / Македонските евергрини во проектот „Еден бакнеж“ репризно на Алфа

Македонските евергрини во проектот „Еден бакнеж“ репризно на Алфа

 

Циклус емисии со најубавите македонски поп евергрин песни. Проектот наречен “Еден бакнеж” повторно на Алфа, навечер по репризите на српските серии, околу 22 часот. Емисијата, емитувана пред неколку години, беше посветена на незаборавните евергрин рефрени на македонската забавна музика, воедно и своевиден времеполов кој не потсети на најубавите македонски шлагери, фестивалски композиции, поп и рок хитови од четири различни декади.

 

 

Од почетокот на шеесетите години, па се до двеилјадитата. Пејачите кои ќе ја имаат честа, но и одговорноста да ги отпејат во живо старите евергрини се Адријана Јаневска, Наде Талевска, Елена Петреска, Јоце Панов, Ѓорѓи Крстевски и Горан Наумовски подржани од бендот на Благој Маротов, кој е задолжен и за аранжманите.

Во секоја емисија има и соговорници кои раскажуваа за случувањата кои го обележале периодот кога се создавани овие евергрини.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ААВМУ ја осуди изјавата на Ковачевски во врска со медиумите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро ја осудува изјавата на претседателот на политичката …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!