Почетна / Филм / Вечерва на Сител, нов дел од филмската класика за Пинк Пантер

Вечерва на Сител, нов дел од филмската класика за Пинк Пантер

 

“Curse of Pink Panther” (1983), во 21 часот на Сител телевизија

 

Вечерва на Сител, веднаш по Домаќинот ќе се емитува ново продолжение од серијата криминалистички комедии на Блејк Едвардс за инспекторот Клузо. Во овој филм улогата на инспекторот ја толкува Роџер Мур.

 

 

Во ова продолжение, најпознатиот истражувач на светот, инспекторот Клузо се уште се смета за исчезнат. Инспекторот Дрејфус се обидува да најде човек кој на најлесен и најефикасен начин би го нашол неговиот непријател Клузо. Оној што ќе ги задоволи сите барани параметри ќе биде полицаецот Клифон од Њујорк. Па така, Клифон ќе тргне во потрага по Клузо, испитувајќи ги сите некогашни пријатели и соработници на инспекторот.

Трагите го водат до една грофица, каде се претпоставува дека се крие Клузо. Она што полицаецот го има како информација е дека бараниот Клузо е со променет лик по направена пластична операција и дека заедно со украдениот дијамант се крие токму кај грофицата.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

96-тото издание на филмските Оскари во недела на МРТ 1

В недела, 10 март од 23.30 ексклузивно на Македонската Телевизија ќе се емитува преносот од …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!