Почетна / МК Сцена / Лончаревиќ купи две слики на хуманитарниот настан за новинарката Маја

Лончаревиќ купи две слики на хуманитарниот настан за новинарката Маја

 

Фото | Хуманитарна акција за новинарката Маја Велјановска

 

 

Пејачот Џенан Лончаревиќ, како што објавува порталот Либертас, дојде во кафе-ресторанот Дежа-ву во трговскиот центар Капитол и купи две фотографии на хуманитарниот настан за новинарката Маја Велјановска.

 

 

Продажната изложба на фотографии започна утрово, а средствата ќе бидат наменети за претстојната операција на новинарката Маја Велјанова која боледува од рак на коските.

 

 

Настанот е во организација на нејзините колеги фоторепортери, на чело со  фотографката Јасна Суша од магазинот „Свет“кои ја започнаа акцијата за собирање парични средства со продажба на ниви фотографии под мотото „Купи фотографија, подари момент“.

 

 

Цената на фотографиите е од 500 до илјада денари.

Фотографиите кои ги купи Лончаревиќ се на фотографот Горан Десковски.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тамара Волческа ја оживеа нејзината прва песна „Do you remember“

На 10.03.2024 година, во 12:00 часот, Тамара Волческа ја промовираше својата нова песна на македонски …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!