Почетна / Филм / Вечерва на Сител, гламурозното доделување на „Оскари 2018“

Вечерва на Сител, гламурозното доделување на „Оскари 2018“

 

Вечер на златните статуетките во најблескавата ноќ на годината

 

Вечерва, 4 март, на Сител телевизија во 23.30 часот, време за “Ноќта на Оскарите”. Директно од Лос Анџелес, јубилејното 90.то доделување на наградите “Оскар”. Во најголемата филмска ноќ на годината, блескави ѕвезди, гламур, многу емоции и изненадувања, висока мода, незаборавно шоу. Најдобрите филмски остварувања во трка за Оскар.

 

 

Оваа година повторно ќе биде водител Џими Кимел. Како презентари на сцената ќе се појават Еиза Гонзалес,  Емили Блант, Сандра Булок, Дејв Чапел, Ансел Елгорт, Џејн Фонда, Џоди Фостер, Ешли Џад, Никол Кидман, Метју Меконахи, Хелен Мирен, Рита Морено, Лупита Нјонго, Кристофер Волкен, Махершала Али, Виола Дејвис, Лаура Дерн, Џенифер Гарнер, Грета Гервиг, Тифани Хедиш, Том Холанд, Марго Роби, Ема Стоун, Даниела Вега, Гал Гадот, Марк Хамил, Оскар Исак, Џина Родригез, Зендаја и уште некои.

 

 

Филмот „The Shape of Water“ оваа година е номиниран во 13 категории, со што е најноминираниот филм на овогодинешните Оскари. Филмот „Dunkirk“ e номиниран во 8 категории, а „Three Billboards Outside Ebbing, Missouri“ за 7 номинации. Поголемиот дел од експертите предвидуваат дека „The Shape of Water“, филмот за љубовта меѓу немата девојка и воденото чудовиште ќе ја добие наградата за Најдобар филм.

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Утринско кино на ТВ 24 – детски авантури, европски саги и светски класици

Возбудливи детски авантури, љубовни романси, европски филмови и светски црно-бели класици ќе гледате во утринското …