Почетна / Вебновела / Оган во Срцето|Fuego en el Corazón епизода 9

Оган во Срцето|Fuego en el Corazón епизода 9


 

Во пансионот на Макарија владееше молк. Пиеше кафе во кујната и чекаше Јулиса да се врати од факултет. Одеднаш почувствува немир во телото и стана од масата. Размислуваше за Вадо Фалкон. Човекот кој и го уништи животот и го уби Мелчор и неговата ќерка Роса Клара. Одеднаш го почувствува неговото присуство во собата. Виде сенка на ѕидот и ја полазија морници. Исплашено го заврте погледот и го виде пред себе. Го гледаше за прв па по дваесет години. 
– Боже, чувај ме од ѓаволот!, – се прекрсти додека колената и трепереа.
Крикот на Макарија самиот излета од нејзините гради.
***
– Тристан, тоа е мама!, – извика Јулиса кога Тристан ја врати дома со автомобилот по предавање. – Клучевите…, – нервозно почна да чепка по торбата. – Не можам да ги најдам клучевите, најверојатно сум ги заборавила! Мамо! Јас сум, Јулиса, – очајно тропаше по вратата. 
Во малата кујна, Макарија трепереше пред човекот кој со себе носеше зло и омраза.
– Оди си, Вадо!
– Не плаши се, Макарија. Ова е лична посета.
– Оди си од мојата куќа и од мојот живот!
– Не ме тераше вака кога прв пат ме виде.Помниш како ми трепереше во прегратки првата ноќ кога те направив своја?,- зборуваше приоѓајки и.
– Веќе еднаш ми го загорчи животот, нема да дозволам по втор пат.
– Се се враќа. Сакам одново да те имам. 
Со раката премина преку нејзината црна и густа коса. 
– Сеуште си убава, Макарија. Сите мажи кои минале и годините зад тебе како да не оставиле трага.
– Не! Не ми приоѓај те молам!
– Ќе правам што сакам со тебе, – гордо изјави Вадо. – Те познавам, Макарија. Иако сега на ѕидовите си закачила слики од светци, иако просторот мириса на темјан, се сеќавам дека некогаш живееше во куќа која мирисаше на алкохол и цигари. Ниту еден светец нема да го избрише твоето минато ! Ти си курва иако сега сакаш да глумиш светица. Сакам да бидеш моја, моја како некогаш Макарија Ромеро.
Ја љубеше по вратот кон градите, додека Макарија очајно го одбиваше од себе.
– Ми се гадиш, Вадо!
– Ништо нема да ме спречи да бидеш моја како некогаш, курво.
– Пушти ме! Одвратен си!
Заслепен од бес и погоден од зборовите, Вадо и замавна силна шлаканица. Кога страста го преплавуваше, ништо не можеше да го спречи во намерата. Ја притисна кон ѕидот со своето крупно, машко тело, раскинувајки и го фустанот со двете раце. Макарија се бореше, но едноставно тој беше посилен од неа. 
– Биде проклет, Вадо. Откако го уби нашето дете, ништо твое повеќе не ме боли.
– Самата си го бараше. Јас не сакав дете со курва.
– Проклет да е денот кога се вљубив во тебе. Но, сега имам ќерка, ќерка која ги излечи сите рани кои ти ми ги остави кога го уби моето дете.
– Ќерка ти е сигурно курва како тебе.
– Да не си се осмелил да ја спомнеш. Јулиса е света, Вадо.
– Јулиса…
– За неа сум подготвена да убијам!

Конечно, Јулиса и Тристан успеаа да влезат во куќата во мигот кога една од девојките слегуваше по скалите.
– Кристела, каде е мама? Слушнав вресок.
– Во кујната. И јас слушнав вресок, затоа и слегов.
– Мамо, – крикна Јулиса и потрча кон кујната. 
Кристела и Тристан тргнаа по неа. Ја затекнаа Макарија како плаче над софата со раскинати алишта. Вадо излезе низ задната врата, од каде што и влезе, а во автомобилот пред куќата го чекаше неговиот верен шофер Maтакан.
– Мамо, што се случи? Кој ти го направи ова? Мамо, одговори ми…
– Тој…беше тука…Ги видов очите на ѓаволот, – низ солзи липаше Макарија. – Со денови го чувстував неговото присуство и неговата сенка. Знаев дека ќе дојде. 
– За кого зборуваш, Макарија?, – ја праша Кристела. 
– Кралот на златото беше тука. Вадо Фалкон! Изчезна како и што се појави. Како привидување. О, колку сакам тој човек да е привидување.
Јулиса ја прегрна својата мајка со цел да ја утеши. Ја знаеше приказната за тој човек и знаеше колку ја имал рането Макарија во минатото.
– Немоја да плачеш, мајко. Ме болат твојот страв и немир.
– Бидете мирна, госпоѓо, – ја тешеше Тристан. – Тој човек повеќе нема да се врати. 
– Ти благодарам што ја чуваш мојата ќерка, Тристан, – Макарија ја зеде Тристановата рака.
– Јас сум ви благодарен што сте родиле ќерка како Јулиса. Можеби не е вистинскиот момент за ова, но, сакам да се гледам со Јулиса и сакам ваш благослов за тоа.
Срцето на Јулиса почна да се тресе како лист на ветар.
– Нема лош момент за добри вести, – се насмевна Макарија за прв пат тој ден. – Тристан, секогаш имај на ум дека Јулиса е смилата на мојот живот. Никогаш немој да ја повредиш.
– За мене, Јулиса е света, доња Макарија. Ќе ја чувам и штитам.
Макарија гледаше во искрените очи на тоа момче. Беше вредно и искрено. 
Јулиса чувстуваше како срцето ќе и излета од градите. Овој неочекуван момент и зборовите на Тристан ја направија нервозна и ја засрамија.
– Го имате мојот благослов да се гледате, – на крајот изговори Макарија.
Тристан пријде до Јулиса ја повлече кон своето тело и нежно ја бакна.

Откако ја напушти куќата на Макарија низ задниот излез, Матакан шоферо на Вадо го возеше кон вилата Дорада која се наоѓаше на другата страна од градот.
– Макарија станла огорчена жена, полна со омраза. Курва…
– Слушнав вресок и некои луѓе се обидваа да влезат во куќата, – рече младиот Матакан.
– Никој нема да и верува дека сум бил таму. Ќе мислат дека Макарија блада и измислува нешта кои не постојат. Ќе и земам се што има, ќе ја сместам во лудница…
– Ја запознавте ли Јулиса?
– Не, но Макарија ја спомна. Од каде ја знаеш ти неа, Матакан?
– Јулиса работи во рудникот за злато, дон Вадо.
– Во рудникот за злато? Жена?
– Слушнав дека се преправа како маж, но кога ја откриле се опирала. 
– Тогаш мора да се работи за вредна и храбра девојка. Одвај чекам да ја запознам таа девојка Јулиса, – паксоно рече дон Вадо.

Денот полека заоѓаше кога Јулиса излезе на тремот да го испрати Тристан. 
– Кристела и даде пилула на мама, сигурно ќе спие како јагне до утре.
– Дозволи ми да останам со тебе уште малку. Не сакам да минам ни секунда далеку од тебе, Јулиса. 
– Мама ни даде благослов и знам дека нашето ќе биде за век, Тристан, – одговори таа нежно и му ги подаде усните во долг и страсен бакнеж под залезот на сонцето.

Беше скоро полноќ, кога враќајки се од одржаната смена во рудникот, Лучо го сопре своето комби пред пансионот на Макарија. Поранешен маринец, Лучо работеше во рудникот заедно со Тристан. Ја фрли празната лименка со пиво и излезе од комбито. Заврте цел круг околу куќата и почна да фрла камчиња под прозорецот на Кристела.
Девојката стана од креветот, ја наметна наметката и појде да види кој е.
– Лучо, што бараш овде во оваа доба? 
– Дојдов да те видам моја сакана, Кристела.
– Оди си дома, Лучо, не е време…
– Не си одам додека не те видам, Кристела. Пушти ме внатре.
Девојката знаеше дека Лучо нема да се откаже додека не влезе во собата. Слезе тивко во ходникот и ја отвори вратата. Згодниот Лучо одвај стоеше на нозе. Тетеравејки се го качи по скалите во својата соба. Кристела која беше потајно заљубена во него, го смести на креветот и му ги соблече чизмите. 
– Зошто доаѓаш во ваква состојба, Лучо? Треба да си одиш дома, да не пиеш…
– Дали некогаш сум ти кажал зошто пијам, Кристела?
– Не, никогаш. И биди тивок, ако Макарија чуе дека сум примила маж во оваа доба, и двајцата ќе летаме одовде.
– На осумнаесет години завршив поморска академија како еден од најдобрите во класот, – Лучо ја започна својата животна приказна откако Кристела се врати со шоља ладно кафе за да се отрезни. – Додека бев во морнарица, една вечер колегите ми ставиле нешто во пијалокот. Заминав во мојата кабина каде што на мојот кревет лежеше маж преправен во жена. Кога еден од претпоставените виде дека делам постела со маж, инстантно бев истеран од службата. Тогаш се вратив во Малинлако.
– Ај, Лучо…
– Никогаш нема да ја прежалам загубената работа и сега единствена утеха ми е алкохолот.
– Не зборувај така, ти си млад и паметен.
Кристела го милуваше по косата. Лучо ги имаше најубавите зелени очи кои некогаш ги видела кај некој маж. 
– Дозволи ми да останам со тебе вечерва.
Како можеше да го одбие? Му ја слече кошулата и го смести удобно на нејзиниот кревет. Цела ноќ седеше на фотељата и гледаше во убавиот млад маж во своата соба. Пред да се роди денот и самата заспа. Утрото ја разбуди тропање на вратата. Макарија беше загрижена дека Кристела не е слезена на појадок. Во страв да не ја затекне со маж во собата, Кристела изрипа од фотељата и без да ја отвори вратата рече;
– Доаѓам за минута, Макарија. Само да се облечам.
– Го знаеше правилото Кристела. Ако не слезеш на појадок, масата нема да ја местиме само за тебе.
Кога Макарија слезе, Кристела клекна покрај креветот и нежно почна да го буди Лучо.
– Мораш да си одиш во спротивно ќе ми направиш проблем.
Тој ги отвори очите кои му се смееа од убавата глетка.
– Сакам секое утро да се будам покрај тебе, кралице моја.
– Макарија не смее да знае дека си бил тука. Облечи се и излези низ прозорецот.
– Не пред да ми дадеш нешто.
– Што?, -збунето го праша девојката.
– Ова, – одговори и ја повлече кон себе. Ја бакна страсно и тоа беше најубавиот бканеж кој Кристела го добла во животот. Колку и да уживаше во истиот мораше да се опира.
– Не, Лучо. Ти не знаеш ништо за мене.
– Знам дека си најубавата жена на светот, онаа која ја сакам.
– Оди си те молам – го замоли пред да ја напушти собата и да слезе на појадок.

Вадо не можеше да престане да мисли на Макарија тоа утро. Нивната среда беше толку интензивна, што одвај можеше да ја извади од глава. Беше убава и префинета како што ја помнеше. Наточи црвено вино и погледна кон прозорецот.
– За Макарија, – ја подигна чашата со вино. – Бидејки твојата судбина е во мои раце!

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …